Михајловски си поднесе оставка, нов тренер до крајот на денот

30.10.2017 10:30 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово останаа без првиот тренер, откако Игор Михајловски си поднесе оставка на таа функција.

Михајловски си поднесе оставка, нов тренер до крајот на денот

Неофицијално, Михајловски ја напушта клупата на Куманово поради здравствени причини, а тимот на вчерашниот натпревар го водел Милош Нинковиќ.

Од клубот изјавија дека во текот на денешниот ден би требало да биде познат новиот предводник на стручниот штаб.

Вчера Куманово во рамките на 4. коло забележа победа против тимот на Струмица со резултат 66-90.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk