Михајловски славеше со резултат 121-36, КСК повторно поразен

07.04.2014 13:22 | KumanovoNews

Кошаркарите на Михајловски ја забележаа сигурно една од најубедливите победи во историјата на македонската кошарка, одкако беа поуспешни од тимот на Легенди со резултат 121-36.

Михајловски славеше со резултат 121-36, КСК повторно поразен

Тимот на Михајловски, со стил го одигра последниот натпревар во рамките од Трета лига, и целосно го декласираше тимот на Легенди кои не успејаа да забележат победа оваа година.

Со оваа победа Михајловски избија на првата позиција на табелата која обезбедува пласман во Втора лига за сеозната 2014/2015.

Вчера тимот на КСК 2013 забележа нов пораз, одкако на домашен терен загуби од тимот на Ангели со резултат 85-87.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk