„Михајловски“ утре го пречекуваат Борец Баскет

21.04.2015 13:41 | KumanovoNews

Кошаркарите на Михајловски мораа да го одложат натпреварот од 18.коло поради одигрувањето на мечот Куманово-МЗТ, па така утре во Спортската сала го пречекуваат тимот на Борец Баскет.

„Михајловски“ утре го пречекуваат Борец Баскет

Кризата што го зафати кумановскиот второлигаш се одрази со лош старт на продолжението од сезоната, па тие ќе се обидат до крајот на првенството да обезбедат опстанок во Второлигашката конкуренција. Моментално се на делба на осмата позиција со шест победи и девет порази.

Во првиот натпревар Борец Баскет славеше на домашен терен со резултат 78-68. Утре во Спортската сала би требало да заигра поранешниот кошаркар на КК Куманово Петар Виларов.

Натпреварот се игра во Спортската сала со почеток во 20:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk