Мила Трајковиќ единствена го одбрани Купот на Македонија

17.05.2022 09:56 | KumanovoNews

Екипата на Металург е овогодинешниот освојувач на ракометниот Куп, а со тоа кумановката Мила Трајковиќ која оваа сезона ги брани боите на овој ракометен гигант, е единствената која успеја да ја одбрани титулата која минатата сезона беше во „сопственост“ на ЖРК Куманово.

Мила Трајковиќ единствена го одбрани Купот на Македонија

Токму овие две екипи се сретнаа во полуфиналето, каде што ЖРК во последните десет минути го загуби водството и контролата на натпреварот и загубија со резултат 21-25. Ива Младеновска беше најефикасна во тимот на Металург со 10 гола, Јована Кипријановска за кумановки постигна 9 гола, а Трајковиќ на тој натпревар постигна 3 гола. Екипата на Ѓорче Петров беше подобра во вториот полуфинален дуел од Чаир.

Во големото финале Металург беше поубедлив и имаше девет погодоци предност десетина минути по полувремето. Ракометарките на Ѓорче имаа серија од 2:8 со која го намалија резултатот но не успејаа да направат пресврт. Конечен резултат на мечот беше 30:27. Мила Трајковиќ на тој натпревар постигна 4 гола. 

Во машка конкуренција, РК Вардар беше подобар од Еурофарм Пелистер со резултат 23-22.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk