Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На стадионот во Ѓорче Петров, во бараж натпреварот за опстанок во прва лига, денеска во 17 часот ќе се сретнат екипата на Милано од Куманово и Брегалница од Штип.
Играме одлучувачки натпревар за опстанок во првата лига, мислам дека сме многу поквалитетна екипа од нив но знаете дека во македонскиот фудбал се е можно и најголем проблем ни се судиите. Тоа што тука се работи никаде го нема, во ниту една цивилизирана земја. И покрај се ние сме многу по подготвени психофизички од другата екипа - вели тренерот на Милано Драган Антиќ.
Со верба во квалитетите на својот тим тој сепак е умерен во оптимизмот за победа токму поради ситуацијата што владее во македонскиот фудбал и судењето поради кое Милано беше драстично оштетено на неколку клучни натпревари во кои можеше да го обезбеди опстанокот во регуларниот дел од првенството. Град како Куманово заслужува да има фудбалски првологаш.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk