Миличиќ: За Бостон ако треба ќе убијам некого на теренот

02.10.2012 10:24 | KumanovoNews

Српскиот кошаркар Дарко Миличиќ едвај го чека почетокот на новата НБА сезона, верувајки тека таа ќе биде пресврт во неговата кариера.

Миличиќ: За Бостон ако треба ќе убијам некого на теренот

Како би ги инпресионирал тренерот Док Риверс и „менторот“ Кевин Гарнет, Дарко изјави дека ќе направи се за да се докаже на Келтите.

Ќе направам се што можам да помогнам на овој тим. Ако би морал да убијам некого на паркетот, би го сторил тоа - го лансираше Миличиќ бисерот околу кој кошаркарската јавност во Америка веќе зборува.

Инетнет сајтот кој ја пренесе информацијата константира дека сите противници треба да се пазат следната сезона.

Тој ладнокрвно ќе убие некого на кошаркарски натпревар. Не го провоцирајте. Тој тоа ќе го направи. Да, навистина - стои на сајтот на CSNEE.com

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk