Милош Ранчиќ ќе трча на ЕП во Будимпешта

26.11.2012 13:25 | KumanovoNews

 По освоено прво место на крос трката во Скопје  во должина од 8.000 метри, атлетичарот Милош Ранчиќ на 9 декември ќе ја претставува земјава на Европското првенство во Будимпешта.

Милош Ранчиќ ќе трча на ЕП во Будимпешта

- Ова беше изборна трка и првите две места од категорија сениори и млади сениори ќе настапат на ЕП во атлетика во Унгарија. Тоа се во машка и женска конкуренција атлетичари. Ме очекуваат офанзивни тренинзи секојдневно за подобар настап и подобар пласман. На првенството ќе има учесници од сите европски земји. Фаворити се Русите, доста добри се Италијанците и Турците - вели Ранчиќ.

Крос трката се оддржа на Градскиот кеј во Скопје,а организатор е Атлетската федерација на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk