Милош Ранчиќ ќе трча на ултрамаратон за Тоше

11.10.2013 10:48 | KumanovoNews

 Милош Ранчиќ (20) е единствениот кумановски атлетичар кој годинава ќе учествува на ултрамаратонот посветен на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Милош Ранчиќ ќе трча на ултрамаратон за Тоше

Бидејќи е голем почитувач на ликот и делото на Проески, Ранчиќ по четврти пат ќе трча од Нова Градишка до Крушево.

Тоше имаше спортски дух, играше одбојка во клубот “Синалко“ во Крушево. И млади и стари сите го сакаат. Во недела во 6.20 часот наутро ќе тргнеме од Нова Градишка и ќе поминеме над 1100 км. Во вторник напладне треба да бидеме на гробот на Тоше во Крушево. Попат во Белград пред Арена ќе не пречекаат членови на Фан клубот на Тоше - вели Ранчиќ.

На ултрамаратонот ќе трчаат 16 атлетичари од повеќе градови од Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk