Милош Ранчиќ победи на ноќна трка во Скопје

12.11.2012 12:21 | KumanovoNews

 Атлетичарот Милош Ранчиќ од атлетскиот клуб “Скок“ победи на ноќна трка која викендов се оддржа во Скопје.

Милош Ранчиќ победи на ноќна трка во Скопје

Имаше голема конкуренција бидејќи учествуваа најдобрите атлетичари од Македонија. Јас сум првак на Македонија во младинска и сениорска категорија. Трката беше на 5.000 метри низ центарот на Скопје и се организира по повод 13 ноември, Ден на  ослободување на градот. Од Куманово бевме само двајца учесници, а на второто и третото место се атлетичари од Скопје - рече Ранчиќ.

Ова дваесет годишно момче веќе три години се занимава со атлетика, и бележи учество на многу домашни и меѓународни натпревари.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk