Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на МКК Куманово забележаа убедлива победа над Ангели со 96:77 во синоќешниот натпревар од плеј-аут лигата.
Кумановци уште од самиот старт го наметнаа својот ритам и по првата четвртина имаа водство од 21:14, кое до полувремето го зголемија на 47:38. Домашниот состав беше подобар и во третиот период, па во последната четвртина влезе со сигурни 77:60, по што без поголеми проблеми го приведе мечот до крај.
Најефикасен кај МКК Куманово беше Александар Радукиќ со 23 поени, додека Стојан Ѓуроски постигна 22, а Андрија Стевановиќ 17 поени. Двоцифрен учинок имаше и Урош Луковиќ со 14 поени. Кај гостите од Ангели, најмногу поени постигна Рубин Стефанов, кој мечот го заврши со 24, додека Ангел Кецовски додаде 16.
На Куманово му преостануваат уште два натпревара до крајот на првенството. Во следното коло го пречекуваат Работнички, а во последното коло од првенството играат против тимот на Феникс 2010.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk