Младинките на Куманово со победа го затвори првенството

26.10.2013 14:42 | KumanovoNews

Денеска младинскиот состав на ЖРК Куманово беше убедливо подобар од противникот Жито Прилеп. Во последниот натпревар од есенскиот дел ракометарките на Куманово го совладаат Жито Прилеп со резултат 26:16.

Младинките на Куманово со победа го затвори првенството

Во текот на целиот натпревар резултатот беше свртен во позитива на домашната екипа и уште на стартот од натпреварот кога ЖРК Куманово направија серија од 8-1 беше јасно дека противникот нема шанси со таква игра да го надигра противникот и да ја стигне резултатската предност.

На одмор ракометарките отидоа со резултат 14:4. Прилеп кој важи за еден од водечките ракометни градови во Македонија, беше немоќен против домашниот состав кој фуриозно го заврши есенскиот дел од натпреварувањето.

Најефикасни во составот на Куманово беа Стојановска и Пејовска со постигнати 5 гола. Утре на гостински терен екипата на ЖРК Куманово игра против екипата на Гостивар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk