Младинките на ЖРК есенски шампионки, го победија и Металург

10.12.2019 09:48 | KumanovoNews

Младинките на Куманово, во рамките на Младинска лига жени,  ја победија екипата на Металург на гостински терен.

Младинките на ЖРК есенски шампионки, го победија и Металург

Натпреварот заврши со резултат 36:41.

Првото полувреме кумановските ракометарки го завршија со резултат од 17:10, додека пак во второто полувреме успеаја да победат со пет гола разлика.

Постигнати голови на Куманово: Мила Трајковиќ 10 гола, Јована Кипријановска 8 гола, Сара Цветановска 8 гола, Ангела Јанкуловска 6 гола, Тамара Ивановска 5 гола, Наталија Пецанова 4 гола.

ЖРК Куманово е есенски шампион во Младинската лига жени заземајќи го првото место на табелата со три победи од три одиграни натпревари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk