Младински фудбалски Куп „Куманово 2013„

24.07.2013 11:22 | KumanovoNews

На фудбалските терени Мио, викендов ќе се одржи фудбалскиот турнир „Златен куп Куманово 2013“. Натпреварите ќе се играат во сабота и недела, а во тек е пријавувањето на заинтересираните екипи.

Младински фудбалски Куп „Куманово 2013„

Право да учествуваат имаат децата родени во 2001 и 2002 година, а секоја екипа мора да има минимум 10 члена. На турнирот може да се пријават најмногу 16 фудбалски екипи. Организатор на турнирот е фудбалската Академија Мио, која има има обезбедено стручнен тим и медицинска заштита на натпреварите.

Во недела ќе се одигра финален и полуфинален натпревар. Пехари и дипломи ќе има за првите три најдобри, за најфер плеј екипа, најдобар фудбалер, голман и стрелец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk