Младински одбојкарски турнир во Куманово

13.11.2015 13:03 | KumanovoNews

Одбојкарскиот клуб Куманово е организатор на првиот турнир во одбојка за младинки во сезоната 2015/2016.

Младински одбојкарски турнир во Куманово

Настанот е под покровителство на Одбојкарската федерација на Македонија, и ќе се одржи во спортската сала на Економското училиште со почеток во 10:30.

Покрај Куманово ќе настапат екипите на Работнички - Скопје, Виола Војлеј - Велес и Бами Кор - Тетово. Одбојкарите се во категорија младинки(родени 1998 и помлади).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk