Младинскот состав на ЖРК Куманово игра Фајнл-фор

16.05.2014 13:32 | KumanovoNews

Младинскот состав на ЖРК Куманово, утре учестува на завршниот турнир во младинска категорија каде што ќе се најдат најдобрите четири екипи во нашата држава.

Младинскот состав на ЖРК Куманово игра Фајнл-фор

Куманово заедно со младинските тимови на Вардар, Металург и Кожувчанка покажува дека се иднината на македонскиот женски ракомет.

Куманово утре во 10:30 во сала Кале игра против тимот на Металург. Подоцна во текот на денот, во зависност од резултатот го чекаат победникот, или поразениот од дуелот Вардар - Кожувчанка.

Конкуренцијата е голема и пласманот на завржниот турнир е голем успех на младиот тим. Ние сме дел од најдобрите четири екипи во државава, и секако дека ќе се обидеме да се вратиме дома со освоен медал - изјави спортскиот директор на клубот, Грабриела Трајковска.

Сениорскиот тим на Куманово во недела игра против тимот на Моби Дик од Охрид.

Моби Дик е првопласиран на табелата, но ќе се обидеме со победа да се вратиме во Куманово - кратко додаде Трајковска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk