Младите ракометарки убедливо го совладаа Вардар

03.12.2019 15:23 | KumanovoNews

Младинките на ЖРК Куманово викендов завршија со победа против екипата на Вардар, со резултат 41:31.

Младите ракометарки убедливо го совладаа Вардар

Победата на ракометарките  беше извесна уште од самиот почеток на натпреварот, а на крајот од првото полувреме нашите младинки беа во водство со 22:15.

Со оваа победа младинките на Куманово покажуваат сериозни тенденции за да станат шампиони во оваа конкуренција.

П остигнати голови Куманово:  Трајковиќ 10, Пецанова 5, Јанкуловска 9. Цветановска 8, Кипријановска 4,  Ивановска 3 и Радевска 2.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk