Младите шахисти со успешни резултати

01.02.2011 10:57 | KumanovoNews

 Во второто полугодие продолжува со работа Школата за млади шахисти, која работи во состав на Градскиот шаховски клуб Куманово. Младите шахисти редовно учествуваат на сите натпреварувања каде што постигнуваат значајни резултати.

Младите шахисти со успешни резултати

Мината сабота во Скопје се одржа брзопотезно државно првенство во шах за кадети, каде настапија три дечиња од Куманово. Постигнавме забележителен успех, а најдобро пласиран беше Горѓевски Александар. Со оглед дека школото работи само три месеци, ова можеме да го сметаме за голем успех - вели тернерот Зоран Илиќ.

Шахистите интензивно се подготвуваат за натпреварувањето на Државното првенство во спор шах во  кадетска конкуренција што во јуни ќе се одржи во Скопје. Интересот за шаховската школа постојано се зголемува исто како и бројот на шахистите.          

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk