МРК и ЖРК Куманово победија на домашен терен

12.12.2016 12:45 | KumanovoNews

Ракометарите и ракометарките на Куманово забележаа победи во домашните натпревари изминатиот викенд.

МРК и ЖРК Куманово победија на домашен терен

МРК Куманово беше поуспешен од тимот на Спартак каде што победи со резултат 34-27. Натпреварот беше изедначен на полувреме (15-15), по што Куманово направи пресврт и извојуваше убедлива победа. МРК треба да одигра уште еден натпревар против Преспа, но според информациите од клубот можно е овој натпревар да биде одложен. Куманово се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 16 бодови.

Женската екипа на Куманово со убедлива победа го заврши првиот дел од сезоната. Кумановки беа поуспешни од Овче Поле со резултат 33-18. Со оваа победа тие ја зацврстија третата позиција на табелата со 21 бод, додека четврти е Прилеп со 12 бода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk