Кумановските ракометари ја забележа првата победа во Супер лигата

19.09.2022 10:27 | KumanovoNews

Машкиот ракометен клуб Куманово ја забележа првата победа во Супер лигата против екипата на Вардар Неготино со резултат 24-26.

Кумановските ракометари ја забележа првата победа во Супер лигата

По првичното водство од 2 - 0 за Вардар, ракометарите на Куманово се вратија во натпреварот и успејаа да воспостават контрола и на полувремето да заминат со 3 гола предност. Во  второто полувремето кумановци дојдоа и до предност од 6 гола, но натпреварот влезе во неизвесна завршница. Сепак,  Стефан Кимевски одбрани два пенала по ред, по што беше поставен конечниот резултат од 24-26.

Вучко Мрвовиќ постигна 6 гола за тимот на Куманово, а Стефан Колоски го заврши натрпеварот со 5 гола. 

Следниот натпревар Куманово го игра против Охрид. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk