Мурињо: Масерот држеше мотивационен говор!

04.02.2014 13:03 | KumanovoNews

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо вчера се погрижи за уште едно „шоу“ на прес конференцијата после натпреварот.

Мурињо: Масерот држеше мотивационен говор!

Запрашан како ги мотивира играчите пред вака битен натпревар, тој одговори дека воопшто не зобрувал со играчите пред натпреварот.

Не зборував. Нашиот масер, Били, тој се обрати на тимот. Сериозен сум. - изјави португалецот.

Потоа беше запрашан што точно рекол масерот на екипата, Мурињо повторно имаше креативен одговор.

Што рече? Нешто урлаше на шкотски, ниту еден збор не успејав да разберам. Уауауау уауаааауаа  уаа.. аауааауа! Ништо не го разбрав. Но играчите аплаудираа, така да беше „ОК“ говор - заклучи Мурињо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk