Мурињо покажа како против Барселона

20.04.2010 21:34 | KumanovoNews

Фудбалерите на Интер, успејаа да го совладаат актуелниот европски шампион Барселона со резултат 3:1.

Мурињо покажа како против Барселона

Тимот на Мурињо изигра одлично сите 90 минути, препуштајки им ја контролата на топката во целост на Барселона, меѓутоа секоја грешка во средниот ред беше казнета со контра напад од страна на Интер. Речиси неприметни цел натпревар беа Чави, Меси и Ибрахимовиќ.

Барселона поведе во 19. минута, кога по грешка на одбраната на Интер, Педро доби топка која лесно ја смести зад грбот на Јулио Цезар.

Овој гол не ги разочара играчите на Интер, и во 29. минута Снајдер по асистенцијата од Милито постигна гол со кој го изедначи резултатот.

Вториот гол го постигна Бразилецот Маикон, а конечниот резултат од спорна ситуација, го постигна Милито за конечен резултат од 3:1.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk