Мурињо сака да го избегне поранешниот тим

17.03.2011 15:37 | KumanovoNews

Откако и Интер и Реал Мадрид се пласираа во најдобрите осум во европската Лига на шампиони, Жозе Мурињо изјави дека не би сакал да се сретне со својот поранешен тим во четвртфиналето. Ждребката за четвртфиналните дуели ќе се одржи утре во Нион.

Мурињо сака да го избегне поранешниот тим

Реал Мадрид славеше со 3-0 на домашен терен против Лион и по подолго време се наоѓа меѓу четвртфиналистите во Лигата на шампионите. Во очекување на утрешната ждребка, Жозе Мурињо ги откри своите желби: „Не сакам да се сретнеме со Интер во четвртфиналето.“

Тоа ќе биде многу емоционално за мене, бидејќи повеќе преферирам со нив да играме на Вембли. Истото важи и за Челзи.

Како и да е, кој и да ни се падне, пред нас претстои силен противник. Би сакал да ги избегнам Интер и Челзи, но доколку ждребката така одлучи ние ќе им се спротиставиме - заврши Португалецот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk