Мурињо си оди од Реал

12.03.2013 09:25 | KumanovoNews

Според шпанските медиуми Жозе Мурињо на крајот од сезоната ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид.

Мурињо си оди од Реал

Марка претходно излезе со приказна во јавноста дека Мурињо се договорил со претседателот Флорентино Перез дека ќе работи до крајот на сезоната, а потоа го напушта клубот.

Вчера и Кадена Сер ја потврди приказната со дополнување дека апсолутно ништо нема да го задржи Мурињо на клупата на кралскиот клуб.

Реал во последните десетина дена во два наврати ја порази Барселона, на Ноу Камп избори финале на Куп на Кралот, а минатата недела на гости славеше и против Mанчестер Јунајтед со што продолжи во Лигата на шампиони.

Кадена Сер тврди дека Мурињо и Перез договориле прекин на соработката по финалето на Купот на кралот на 17. мај или евентуално финалето на Лигата на шампиони на 25. мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk