МЗТ и Работнички со максимални три победи

11.04.2013 08:51 | KumanovoNews

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички се единствените со три победи по трите одиграни кола во кошаркарската Суперлига.

МЗТ и Работнички со максимални три победи

Шампионот МЗТ Скопје, синоќа, во СЦ „Борис Трајковски“ го победи гостинот од Сарај, тимот на Лирија со 93:85. На дербито во Кавадарци, домашниот Фени Индустри загуби од Работнички со 73:81.

Третиот дуел од овој круг се одигра во Куманово каде истоимената домашна екипа загуби од Кожув со 79:91. За лидерот во првиот дел од првенството ова е прва победа во новоформираната Суперлига, додека кумановци останаа без триумф и по 3-то коло. Табела: Работнички 3-0 (победи-порази), МЗТ Скопје Аеродром 3-0, Фени Индустри 2-1, Кожув 1-2, Лирија 0-3, Куманово 0-3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk