МЗТ издвојуваше тесна победа во Куманово

05.04.2014 19:41 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово не успејаа да го совладаат актуелниот шампион, тимот на МЗТ Скопје. Конечен резултат на натпреварот беше 76:77.

МЗТ издвојуваше тесна победа во Куманово

Куманово имаше одличен почеток на натпреварот и играше доста атрактивно. Цепелините кои главно завршуваа со забивање од Луковиќ, беа нерешлива енигма на гостите од Аеродром. Куманово на полувреме замина со предност од три поени разлика.

Во продолжението на натпреварот, Стефан Синовец беше икс-факторот, кој го врати МЗТ во живот. По серијата тројки МЗТ стигна до максимални 10 поени предност. Во последните пет минути од натпреварот Куманово се обиде да направи пресврт, но сепак шампионот по пенал завршницата успеја да направи предност од 4 поени.

Вукашин Мандиќ во последната секунда од мечот постигна три поени и го постави конечниот резултат 76:77.

Вукашин Мандиќ и Урош Луковиќ беа најефикасни на теренот со постигнати 24 поени. Кај МЗТ, Чековски истотака постигна 24 поени.

Од продажбата на влезници беа соберени 215 илјади денари кои на полувреме од овој натпревар беше доделени како хуманитарната помош за Никола Вулетиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk