МЗТ Скопје остана непоразен во Куманово

15.02.2012 22:17 | KumanovoNews

Кошаркарите на МЗТ Скопје успејаа да издвојуваат нова победа против Куманово. Гостите од Аеродром се единствената екипа која успеја да триумфира во Куманово, а конечен резултат на овој меч беше 83:98.

МЗТ Скопје остана непоразен во Куманово

Видно ослабениот тим на КК Куманово успеја во три четвртини од натпреварот да одржи резултатска неизвесност. Се чувствуваше недостатокот на висок играч во ротација а сега за сега тоа е Урош Луковиќ кој доколку играше сигурно натпреварот ќе имаше поинтересна завршница, особено ако се земе во предвид дека Тодор Гечевски не настапи на овој натпревар.

Причина за поразот на Куманово е високиот процент на реализација, и постигнатите 12 од 19 обиди за три поени. Ноа Далман беше најефикасен со 24 поени, кој поголемиот дел ги постигна сам во рекетот. Ѓорѓи Чековски постигна 15 поени и 10 скока и 5 асистенции. Кај домашниот тим Милан Јањушевиќ постигна 29 поени, Дејан Микиќ заврши со 18 поени, а Александар Костовски постигна 14 поени.

Следниот натпревар Куманово го игра во сабота против Работнички Скопје, на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk