МЗТ Скопје се намачи против Кожув, Работнички ја доби Лирија

21.03.2013 09:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на МЗТ Скопје, потешко од очекувањата со победа ја започнаа одбраната на титулата во првото коло од домашната Суперлигата, славејќи над Кожув со 77:71.

МЗТ Скопје се намачи против Кожув, Работнички ја доби Лирија

Гостите од Гевгелија водеа се до финишот, а во 32 минута ја имаа најголемата предност од 12 поени. Сепак, избраниците на Алеш Пипан успеаја да се разбудат и да направат серија од 24:6 за пресврт со кој дојдоа до посакуваната победа.

Најзаслужен за победата на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 19 поени, кои ги постигна во вториот дел од дуелот. Одлична партија прикажа и Тодор Гечевски, кој имаше дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока, додека Ѓорѓи Чековски беше на чекор до исто постигнување (16 поени, 9 скока). Игор Мијајловиќ, доскорешниот член на МЗТ со 13 поени беше најефикасен кај Кожув.

Победи на домашен терен забележаа и екипите на поранешните шампиони Работнички и Фени. Најтрофејниот клуб со 106:92 ја преслуша Лирија, додека кавадарчани со 96:89 беа поуспешни од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk