МЗТ Скопје славеше во Гевгелија

22.05.2013 07:18 | KumanovoNews

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје поведоа со 2:0 во финалето на плеј офот откако синоќа во Гевгелија го совладаа Кожув со 89:81.

МЗТ Скопје славеше во Гевгелија

Гостите на полувремето водеа со 47:34, што се покажа како решавачка предност.

Најефикасен на деулот беше Кејд Дејвис од МЗТ Скопје со 33 поени, а  со шут за три поени имаше 6 погодени од 7 обиди.

Покрај Дејвис одлични беа и центрите Тодор Гечевски имаше 20 поени и 7 скокови, а Ѓорѓи Чековски заврши со 14 поени и 9 скокови.

Кај Кожув најпрецизен беше Миладин Пековиќ со 17 поени.

Следниот натпревар се игра на 24-ти мај во СЦ „Борис Трајковски“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk