На ЕП во Литванија 24 селекци

06.09.2010 14:17 | KumanovoNews

Извршниот одбор на Фиба Европа, одлучи Европското првенство во Литванија наместо 16 да настапат 24 репрезентации. Ваквиот потег беше и порано најавен но се очекуваше тоа да се случи 2013 година.

На ЕП во Литванија 24 селекци

„Така одлучивме поради брзиот развој на европската кошарка, што го покажуваат и резултатите на Светското првенство во Турција каде девет од дест европски репрезентации се пласираа во осминафиналето“ - изјави генералниот секретар на Фиба Европа Наур Занолин.

Во кошаркарските кругови во Европа веќе се зборува дека ваквата избрзана одлука е донесена благодарејки на италијанското лоби. Италија не успеја да се квалификува на Европското првенство, а својата шанса ќе ја бара преку дополнителните квалификации.

Македонија веќе се квалификуваше меѓу најдобрите 16 кои ќе настапат догодина во Литванија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk