Надал без трофеј по кам-бекот

11.02.2013 10:22 | KumanovoNews

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал не успеа да се закити со трофеј по кам-бекот на терените по 7-месечната пауза поради повреда на коленото.

Надал без трофеј по кам-бекот

Тој во финалето на турнирот во Вина дел Мар, Чиле, загуби со 6-7, 7-6, 6-4 од Аргентинецот Орасио Зебалос.

Надал претходно не успеа да ја освои титулата ниту во двојки, откако со Јуан Монако загубија од Паоло Лоренци и Потито Стараче.

На Зебалос ова му е прва титула во кариерата во второто одиграно финале, а до трофејот му требаа 2 часа и 47 минути игра против поранешниот светски рекет број 1. Тој досега се наоѓаше на 73. место на АТП, а на новиот ранкинг има скок од 30 позиции. За Надал ова е петти пораз во 41. финале на земја, а досега на неговата омилена подлога го имаат победено единствено Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk