Надал: Боли, но ќе мора да играм

31.01.2013 09:28 | KumanovoNews

На неполна седмица од најавениот и долго очекуван „кам-бек“ на тениските терени, Рафаел Надал открива дека сепак на омилениот спорт не му се враќа максимално подготвен.

Надал: Боли, но ќе мора да играм

Најпрво во двојки, па потоа и индивидуално, доколку се оди според планираното, идната недела тенискиот „Матадор“ по безмалку осумесечна пауза поради повреда ќе заигра на турнир, оној во чилеански Вина Дел Мар.

Како и да е, шпанскиот тениски ас вчера откри дека коленото и натаму понекогаш го боли, иако се опоравил од повредата. Меѓутоа, додава дека ќе мора да „стисне заби“ и да заигра, порано или подоцна.

Иако коленото изгледа подобро, понекогаш повторно ме заболува, но ќе морам да почнам да играм, порано или подоцна тоа ќе се случи-изјави Надал.

Четвртиот светски рекет не одиграл ниту еден меч од втората рунда на Вимблдон минатата година, кога доживеа рана елиминација од чешкиот тенисер Лукаш Росол.

По споменатото чиленаско натпреварување, неговата американска турнеја ќе ја продолжи во Бразил и во Мексико.

Учеството на трите турнири во Јужна Америка ќе биде многу корисно, добар сум, полн со ентузијазам-додава Надал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk