Надал: Докажав колку можам

19.03.2013 08:37 | KumanovoNews

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по триумфот на Мастерсот во Индијан Велс изјави дека се сомневал дека повторно ќе се врати на врвот, но сега на себе си, си докажал колку може.

Надал: Докажав колку можам

Надал во финалето го совлада Хуан Мартин Дел Потро со 4:6, 6:3, 6:4, со што стигна до 600-та победа и 22 Мастерс трофеј во кариерата.

Многу нешта ми се случија во текот на претходните месеци, така што неверојатно е што сум овде, со овој тежок пехар во раце. Имаше навистина тешки моменти, се сомневав во себе, но сега си докажав и некои работи – изјави по финалето Надал.

Тој сезоната ја започна на импресивен начин, а само во Вин Дел Мар беше совладан од Марсел Себаљос во финале, по што освои 3 трофеи, со 14 победи во низ.

Кога имате вакво враќање, како што е случајот со мене, тогаш се потсетувате на сите детали, тешки моменти кои се случија во текот на долгата пауза. Се надевам дека го поминав сето тоа и дека само ќе ги паметам луѓето кои што ми помогнаа во тој период – изјави шпанскиот тенисер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk