Надал го победи Федерер

17.08.2013 08:39 | KumanovoNews

Рафаел Надал ја оствари 21-та победа во пресметките со Роџер Федерер и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Синсинати.

Надал го победи Федерер

За нешто повеќе од два часа игра, Шпанецот преку пресврт го совлада Швајцарецот со 5:7, 6:4 и 6:3 по сетови. Федерер одигра одлично во првиот сет, но во продолжението на мечот Надал ја превзема контролата и го забележа третиот триумф во 2013-та година над вечниот ривал.

Изненадување во Синсинати напрaви Џон Иснер кој го совлада првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со 7:6, 3:6 и 7:5 по сетови.

Настапот на турнирот во Синсинати го заврши и Енди Мареј кој загуби од Томаш Бердих, кој во полуфиналето ќе се сретне со Рафаел Надал. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Хуан Мартин дел Потро и Џон Иснер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk