Надал го заврши настапот на Вимблдон

25.06.2013 08:39 | KumanovoNews

Првиот ден на третиот Гренд слем во сезоната, Вимблдон, Белгиецот, Стив Дарсис со победата над Рафаел Надал го направи најголемото изненадување на турнирот.

Надал го заврши настапот на Вимблдон

Дарсис во три сета со 7:6, 7:6 и 6:4 го елиминираше победникот на Ролан Гарос и петти носител, Надал.

Најголемото изненадување кај дамите го направи Моника Пуиг од Порторико, која со 6:3 и 6:2 триумфираше над петтата носителка Сара Ерани.

На централниот терен, Роџер Федерер без проблеми со 6:3, 6:2 и 6:0 го совлада Виктор Ханеску, Марија Шарапова славеше со 2.0 во сетови над Кристина Младеновиќ, а Енди Мареј забележа победа со 6:4, 6:3 и 6:2 во мечот против Бенјамин Бекер.

Викторија Азаренка и препушти само три гема на Марија Жоао Келер, а Лејтон Хјуит забележа победа во дуелот со 11-от носител, Станислас Вавринка.

Ана Ивановиќ беше поуспешна од Виржин Разано, а во продолжението од програмата на теренот број 2, Марин Чилиќ и Жо Вилфред Цонга ги елиминираа Маркос Багдатис односно Давид Гофан.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk