Надал најдобар на Вимблдон

04.07.2013 08:24 | KumanovoNews

Третиот глен слем турнир годинава Вимблдон се ближи кон самиот крај и остануваат да се одиграат уште полуфиналните и финалните натпревари.

Надал најдобар на Вимблдон

Во пресрет на овој турнир бил направен интересен квиз на кој „големата тениска четворка“  Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мари одговарале на прашања поврзани со нивната кариера.

Шпанецот имаше најточни одговори на прашањата и освои 11 од вкупно 13 поени. Федерер пак имаше 10 поени, а Ѓоковиќ и Мари по 7.

Сепак ситуација на теренот се покажа како поинаква, Федерер и Надал беа елиминирани во раната фаза на Вимблдон, додека нивните конкуренти стигнаа до полуфиналето каде доколку бидат подобри од Јанович и Дел Потро ќе се изборат за меѓусебен дуел во финалето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk