Надал: Не можев да замислам дека ќе го постигнам ова

10.06.2013 08:59 | KumanovoNews

Емотивниот Рафа Надал им се заблагодари на неговото семејство и на целата екипа со која што тренира, откако вчера славеше над Ферер во големото финале на Ролан Гарос.

Надал: Не можев да замислам дека ќе го постигнам ова

Надал во финалето триумфираше над Давид Ферер со 6-3, 6-2 и 6-3 и го освои осмиот, рекорден трофеј на францускиот Грен слем турнир, Ролан Гарос. Со вчерашната победа, Рафа стигна до неговата 12. Грен слем титула и на вечната листа на најуспешни тенисери се израмни со Емерсон, а пред него се уште Пит Сампрас со 14 Грен слем титули и Рожер Федерер со 17.

Никогаш не можев да замислам дека ќе можам да постигнам вакво нешто. Им благодарам на членовите на моето семејство и на мојата екипа. Без нивната поддршка, посебно во моментите кога бев надвор од терените, ќе беше невозможно да се оствари овој триумф. Исто така им благодарам на сите кои што ми испратија пораки на Твитер и Фејсбук. Сите ми дадоа позитивна енергија- истакна 27-годишниот Шпанец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk