Надал се врати на теренот со победа

06.02.2013 11:09 | KumanovoNews

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој поради повреда на коленото отсуствуваше од уште од 28 јуни минатата година, со победа се врати на тениските терени.

Надал се врати на теренот со победа

Надал, во игра на двојки, заедно со Хуан Монако, на турнирот во чилеанскиот Вина дел Мар, забележа победа над чешката комбинација Франтишек Цермак и Лукаш Длухи со 6:3, 6:2.

Лекарите ми рекоа дека коленото ми е добро. Понекогаш ме боли, но сè е во ред. Големо е задоволството повторно да се биде на тениските терени-изјавил Надал, освојувач на 11 грен слем титули.


Првиот меч во сингл во Вина дел Мар, Надал ќе го одигра в четврток, а противник ќе му биде Аргентинецот Федерико Делбонис. Седумкратниот победник на Ролан Гарос, кој на турнирите во Јужна Америка последен пат настапи во 2005 година, по Вина дел Мар, ќе игра на турнирите во Сао Паоло (Бразил) и Акапулко (Мексико).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk