Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово ги продолжи договорите на најефикасните играчи во оваа сезона, Дарко Матиќ, Дејан Микиќ, Дарко Станимировиќ и Даниел Калов како и останатите играчи од Куманово.
Во преговори сме со уште 4-5 играчи кои ќе претставуваат засилување за тимот во следната сезона. Моментално се преговара со неколку домашни играчи, а остварени се контакти со играчи од странство. По завршување на сезоната во Србија, очекуваме во Куманово да пристигне делегација од КК Партизан од Белград, со кои ќе потпишеме договор за соработка и отварање на кошаркарска школа во градот - изјави претседателот на КК Куманово, Виктор Божиновски.
Куманово по пауза од 10 години повторно ја врати кошарката во прволигашка конкуренција. Дека Куманово е спортски град и ја сака кошарката покажаа и полните трибини на Спортската сала.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk