Најдобрите спортисти ќе бидат познати до крајот на месецот

03.01.2012 10:35 | KumanovoNews

 Општинскиот сојуз на спортови и годинава ќе организира избор на спортист за годината.  Традиционалната манифестација на прогласување на најдобрите спортисти ќе се одржи во последната недела на јануари, а во тек се подготовките за нејзино одржување.

Најдобрите спортисти ќе бидат познати до крајот на месецот

Комисијата ќе има тешка задача, бидејќи мината година имавме големи успеси во спортот. Само за потесетување, 4 екипи се натпреваруваа во првата лига, и освоија извонредни резултати. Ракометарките завршија како второ пласирани, ракометарите трети, одбојкатите четври, а кошаркарите пети. Има одлични резултати и кај атлетичерите, боксетите и останатите спотристи- вели Сашо Петрушевски, претседател на Општинскиот сојуз на спортови.  

Награди и признанија за достигнувања во спортот добиваат поединци и екипи, јуниори и ветерани, како и претставници на училишните спортови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk