Најмалите ќе можат да тренираат Џиу-џицу во Куманово

04.01.2016 15:35 | KumanovoNews

Клубот за бразилско џиу-џитсу “The Strongest&Roots BJJ“ Куманово ги започна уписите во групата за деца на возраст од 6 до 14 години, кои ќе можат да ја изучуваат оваа боречка вештина.

Најмалите ќе можат да тренираат Џиу-џицу во Куманово

Покрај групата за возрасни кои тренираат бразилско џиу-џицу, од почетокот на оваа година се оформи и група за најмалите кои имаат афинитети према оваа боречка вештина. Клубот “The Strongest&Roots BJJ Kumanovo” е единствен клуб во нашиот град каде што може да се изучува бразилската џиу-џица.

Оваа боречка вештина е идеална за децата бидејќи го активира целото тело и се состои од вежби за истегнување, координација, сила, брзина и контрола. Во оваа боречка вештина, најголемиот дел од борбата се одвива во партер, односно на земја, каде што се применуваат техники на контрола и разни зафати. Битно е да истакнеме дека во бразилската џиу џица нема удари и е една од најдобрите форми на спортска активност за децата.” –изјави Мартин Стефановски, главен тренер во клубот.

За подетални информации сите заинтересирани можат да се обратат на 077/705-039 или на фејсбук страницата на клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk