Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пролетната боксерската лига во Македонија започна неславно. Наместо спортска и фер борба, првото коло во Шуто Оризари беше прекинато поради дивеењето на домашната публиката која сакаше да се пресмета со гостите, кои беа подобри од домашните играчи.
Домаќин на првото коло беше БК ,,Тернипе,, во Шуто Оризаре. Од Куманово боксерскиот клуб „Фајтер„ требаше да се натпреварува со шест боксери, а петмина немаа противници.
Според нашите учесниците, инцидентите започнале кога публиката и домашниот боксер Мендо Џеладини сакале да го испровоцираат капитенот на „Фајтер„ Николче Митевски со дофрлување и недолично однесување на рингот. Откако тоа не им успеало, а по прогласувањето на победата, кумановецот бил нападнат од навивачите на патот кон соблекувалната. Насилниците успејале да влезат во соблекувалната, но за среќа не ја оствариле намерата, бидејќи на време реагирал тренерот, домашниот боксер и полицијата. Потоа следувал уште еден обид на мечот помеѓу Синан Џељадини и Бесарт Гетали во категорија до 75 кг. Незадоволен од играта на домашниот Џељадини, еден навивач удирал на масата на судиите, а друга толпа од педесетина навивачи се обидувале давлезат на рингот и да се пресметаат со Бесарт. При тоа настанала општа тепачка, се фрлале столчиња и се кршеле стакла. Боксерите, судиите и тренерите се затвориле во соблекувалните. Интервенирала полицијата и специјалната едниница „Алфи„.
Првото коло е прекинато и се очекуваат казни од страна на Федерацијата до организаторот БК,, Тернипе,, од Шуто Оризаре.
Пред прекинот на натпреварувањето нашит боксер Џемали Садиковски, извојувал победа од 1-0 над Горјан Србиновски од БК,,Бранител,,, додека Емин Османи загубил од Алили Арбини од БК,, Шкупи,,.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk