Нападнати судии по фудбалски натпревар во Куманово

26.09.2024 17:29 | KumanovoNews

Двајца судии биле нападнати по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на Башкими и Беласица.

 

Нападнати судии по фудбалски натпревар во Куманово

Инцидентот се случил вчера на стадионот на Башкими, откако судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. 

„Во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле  стадионот забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk