Навивачите на БиХ го дочекаа Роналдо: „Меси, Меси“

10.11.2011 13:08 | KumanovoNews

Репрезентацијата на Португалија наиде на „врел“ дочек во Босна и Херцеговина, со чија селекција во петокот ќе го игра првиот меч од баражот за заминување на Европско првенство.

Навивачите на БиХ го дочекаа Роналдо: „Меси, Меси“

По слетување на авионот на сараевскиот аеродром, група на навивачи со свирежи го дочека селекторот Паоло Бенти, и неговите играчи, а кога се појави Крисијано Роналдо навивачите на Босна и Херцеговина скандираа „Меси Меси“.

Од друга страна, играчите и стручниот штаб на БиХ се во Зеница, каде ќе се игра мечот. Група навивачи ја дочека репрезентацијата при што скандираше „Един Џеко“ и „Ова е Босна“.

Португалците допатуваа со невидени мерки на безбедност, па ни новинарите неможеа да пријдат до фудбалерите поблиску од 50 метри.

Мечот меѓу БиХ и Португалија ќе се гира во петок во Зеница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk