НБА: Клиперс ги совлада Лејкерси, Мајами подобри од Оклахома

15.02.2013 10:09 | KumanovoNews

На двата НБА натпревари кои што се одиграа во текот на ноќта, Лејкерси загубија од Клиперс, додека Мајами беа поуспешни од Оклахома.

НБА: Клиперс ги совлада Лејкерси, Мајами подобри од Оклахома

Екипата на ЛА Лејкерс, уште на самиот старт имаше голема негатива, кога првата четвртина ја загуби со резултат 17:31. Клиперси ја задржаа големата предност до полувремето, каде што резултатот изнесуваше 52:64 за гостите.  Во продолжението на натпреварот, доминацијата на Клиперс продолжуваше со што тие славеа со огромни 24 разлика, 101-125.

Кај Клиперс, Крис Пол постигна 24 поени, додека кај Лејкерс Коби Брајант постигна 20.

На вториот дерби натпревар, екипата на Мајами ја совлада екипата на Оклахома со резултат 100-110.

Гостите од Флорида ја контролираа играта во текот на целиот натпревар. Слично како и на другиот дуел, првата четвртина ја добија гостите со 17:32, а на полувремето имаа предност од 46:63. До крајот на третиот дел од натпреварот гледавме доминација на Мајами, додека последната четвртина и припадна на екипата на Оклахома (31-22) со што домаќините успеаа да направат поразот да изнесува само 10 разлика (100-110).

Кај гостите, уште една одлична партија имаше ЛеБрон Џејмс, постигнувајќи 39 поени, додека кај Оклахома, Кевин Дурант постигна дури 40 поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk