НБА: Мемфис и Њујорк Никс славеа победи

08.05.2013 08:59 | KumanovoNews

Гризлис приредија изненадување во Оклахома надигрувајќи ја Оклахома со 99-93 за израмнување во серијата и предност од домашен терен во продолжение на истата. А, до израмнување на 1-1 во серијата стигнаа и Њујорк Никс кои со 105-79 славеа против Индијана.

НБА: Мемфис и Њујорк Никс славеа победи

Мемфис извонредно ја одигра последната четвртина која ја доби со 30-10, а со серијата од 10-0 во самиот финиш направи пресврт за победа. Брилијираше Мајк Конли кој беше на чекор од триплд-дабл, имаше 26 поени (11/22 од игра) со 10 скока и девет асистенции. Го следеше Марк Гасол со 24 поени и по пет скока и асистенции, додека Зек Рендолф имаше 15 поени и 8 скока.

Кевин Дурант исто така беше блиску до трипл-дабл со 36 поени, 11 скока и 9 асистенции, а поддршка имаше само од Дерек Фишер со 19 поени.

 Никис ги разбија Пејсерси со серија од 36-4 во самиот финиш и израмнија на 1-1 во серијата. Кармело Ентони беше одличен со 32 поени и девет скока, а Иман Шамперт заврши со 15 поени и шест скока. Лош ден имаше Џеј Ар Смит со само три погодени шута од 15, за осум поени и шест скока.

Пол Џорџ ги предводеше Пејсерси со 20 поени, а 13 постигна Дејвид Вест со шест скока, додека Џорџ Хил дополни 12 поени со седум асистенции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk