НБА ОЛ СТАР-’’ЗАПАДОТ’’ ПОДОБАР ОД ’’ИСТОКОТ’’

18.02.2013 10:16 | KumanovoNews

Во Хјустон се играше НБА Ол Стар натпреварот каде селекцијата на  Западот триумфираше со 143-138 над преставниците на Источната конференција.

НБА ОЛ СТАР-’’ЗАПАДОТ’’ ПОДОБАР ОД ’’ИСТОКОТ’’

Најкорисен играч на спекталкот беше Крис Пол.Звездата на Клиперси имаше клучна улога во третиот по ред триумф на Западот .Пол запиша  20 поени и дури 15 асистенции.Кевин Дурент со 30 коша заврши како најефикасен на мечот  и во редовите на победникот.Во селекцијата на Истокот,Кармело Ентони постигна  26 поени, Двејн Вејд 21, неговиот соиграч од Мајами, Леброн Џејмс уфрли 19 коша.

 После 63  Ол Стар натпревар,и натаму во предност се преставниците на Источната конференција со 36 победи.Наредното издание на Ол Старс во 2014 година, ќе се организира  во Њу Орлеанс.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk