НБА плеј оф: Хјустон подобар од Оклахома Сити

30.04.2013 07:50 | KumanovoNews

Кошаркарите на Хјустон ја постигнаа првата победа во разигрувањето за титулата во НБА лигата и со тоа избегнаа пораз од 4-0 на стартот од плеј-офот.

НБА плеј оф: Хјустон подобар од Оклахома Сити

Најзаслужен за победата беше Чендлер Персонс, кој постигна 27 поени, со 10 скокови и 8 асистенции.

Решавачката предност Хјустон на направи во третиот период кој го доби со 38:24. Во финишот на натпреварот откако играчите на Оклахома Сити намалија на 105:103, двете екипи не реализираа за промена на резултатот.

Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дјурант со 38 поени.

Резултати на ноќешните натпревари од 1.коло во НБА плеј-офот:

Бруклин – Чикаго 110:91 (2-3 во победи),

Атланта – Индијана 102:91 (2-2)

Хјустон – Оклахома Сити 105:103 (1-3).

Вечерва се играат дуелите: Денвер – Голден Стејт (1-3) и Лос Анџелес Клиперс – Мемфис (2-2).

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk