Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово загубиа во дерби натпреварот против Пелистер од Битола. Конечен резултат беше 29:28.
И покрај водството во скоро целиот натпревар, неискуството на младиот состав на Куманово беше пресуден на крајот од натпреварот, па ракометерите го забележаа првиот пораз на домашен терен. Голманот на Куманово Благојче Трајковски остави најголем впечеток на натпреварот со вкупно 25 одбрани, а во нападот најефкисен беше Блажески со 6 гола. Кај гостите Петровски постигна 8 гола, а Јанкуловски 6.
Во следното коло, РК Куманово во Спортската сала во Куманово ја пречекува екипата на Металург од Скопје.
Екипата на Лино Червар е прва со максимални 24 бода, а потоа следуваат Вардар Про со 21, Тиквеш и Пелистер 12 со натпревар помалку, Куманово 9, Тинекс Пролет и Борец 6 бода а последни на табелата се Прилеп 2010 без ниеден бод.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk