Немања Врањеш и Вукашин Мандиќ се нови засилувања на КК Куманово

13.08.2013 11:33 | KumanovoNews

Кошаркарскиот клуб Куманово вчера потпиша договор со двајца странски кошаркари, со што продолжува со засилувањата за наредната кошаркарска сезона.

Немања Врањеш и Вукашин Мандиќ се нови засилувања на КК Куманово

Црногорецот Немања Врањеш игра на позиција плејмејкер, а изминатата сезона настапувал за грчкиот второлигаш Паграти каде забележувал 16 поени и 2 украдени топки по натпревар.

Вукашин Мандиќ е од Србија, игра на позициите крило и крилен центар а последната сезона беше член на шведскиот прволигаш Солона, каде просечно забележувал близу 11 поени по натпревар.

Куманово уште преговара со поранешниот кошаркар на Лирија, Балша Радуновиќ кој минатата сезона беше еден од најкорисните играчи во нашето првенство а воедно и има желба следната сезона да настапува за Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk