Нереди и националистички песни на натпреварот Работнички – Куманово

19.02.2012 16:34 | KumanovoNews

Вчера во Скопје во спортската сала Градски парк каде се одиграл кошаркарски натпревар “Работнички“ и “Куманово“, биле пеени песни со националистичка содржина и биле фрлани пластични предмети, а по завршување на натпреварот била запалена “бакља“.

Нереди и националистички песни на натпреварот Работнички – Куманово

Полициска станица Центар против 32-годишниот К.С. од Скопје, ќе поднесе прекршочна пријава за сторен прекршок по чл.3 ст.1 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, воедно ќе поднесе прекршочна пријава и против организаторот на натпреварот. Од страна на ПС Центар се преземаат мерки за утврдување и на други учесници и за целосно расчистување на  случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk